Сто точки на дневниот ред на 67. седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 67. седница на чиј дневен ред се 100 точки.

Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлогот за изменување на Одлуката за испаќање на припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, за Дополнетиот предлог закон за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, како и за предлозите за изменување на законите за јавните набавки, за угостителска дејност и за здравственото осигурување.

На дневен ред се и предлог законите за изменување на законите за основното и за средното образование, за наставници во основните и средните училишта, за минимална плата, за буџетите, како и Информацијата за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите од Република Македонија.

Собранието треба да ги разгледа и предлозите за изменување на законите за експропријација, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за акцизите, за даноците на имот, за технолошки индустриски развојни зони, за пензиското и инвалидското осигурување, за социјалната заштита…

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата