Сто места за студенти на Машинскиот факултет во Виница според Конкурсот на УГД-Штип

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е подготвен за уписите во академската 2017/2018 година, во која според Конкурсот има вкупно 5212 слободни места за студирање. Од нив 3218 се за редовно студирање во државна квота, 1079 редовно студирање во квотата со кофинансирање на студиите и 915 места за вонредно студирање.

Што се однесува за Кочани и соседната општина Виница, според Конкурсот годинава нови студенти се предвидени да се запишат само на Машинскиот факултет во Виница, а во Кочани нема предвидено ниту едно место.

Кирил Барбареев, проректор за настава на УГД-Штип, изјави дека причината за тоа е што студиските програми годинава се предвидени за Штип. Но, студиските програми кои се почнати со Економскиот факултет во Кочани, додаде тој, ќе се одвиваат нормално и студентите ќе продолжат со студирањето.

На Машинскиот факултет во Виница годинава според конкурсот предвидено е да се запишат 100 студенти, од кои 50 на Производно машинство и исто толку на Транспорт, организација и логистика.

Ректорот на УГД Блажо Боев истакна дека Конкурсот за упис на нови студенти во академската 2017/2018 година е објавен и тој не се разликува многу од минатата година, со тоа што сите програми се акредитирани.

– Генерално гледано, УГД како и досега функционира со четирите наставни центри во Струмица, Скопје, Кавадарци и во Прилеп, и централата на Универзитетот во Штип. Исто така, функционираат и дисперзираните факултети во Виница, Пробиштип, Радовиш и во Гевгелија, рече Боев.

Би можело да ве интересира

Студентите од Ниш тргнаа кон Белград

Горан Наумовски

Полицијата во Белград уапси новинар кој ги провоцираше студентите кои сакаат да учат

Вучиќ: Нарушени се сите уставни права на студентите кои сакаат да студираат

Вучиќ ги потпиша измените на Законот за високо образование

Брнабиќ: Успеавме да го исполниме четвртото студентско барање

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ