Сто илјади евра за пазар во новиот центар на Кавадарци

Од:

Сто илјади евра чини комплетната реализација на проектот за пазар во новиот центар на Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, кој ја посети локацијата зад зградите наречени „лепотици”.

Тој соопшти дека парите се обезбедени од оперативниот буџет на општината.

Околу десет милиони денари ќе чини целокупното уредување на просторот кој во минатото беше своевидна депонија. Во изминатиот период таму беше изграден летниковец, а имаше и уште неколку други зафати кои ја разубавија околината.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он