Стипендии за успешните ученици во Општина Карпош

Од:

Општина Карпош ги објави јавните огласи за доделување на стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти, кои учат во VIII и IX одделение во десетте општински основни училишта.

Стипендиите се во износ од 2.500 и 3.000 денари, во зависност од бројот на освоени бодови, а се доделуваат за седум месеци од учебната година. Рокот за аплицирање на двата јавни огласи е заклучно со 20 ноември годинава.

-Основната цел на локалната самоуправа е да ги мотивира младите луѓе да остваруваат уште подобри резултати и во тековната учебна година. Оваа година, наставата се одвива во навистина спефицични услови како резултат на ситуацијата со пандемијата со Ковид – 19. Сепак, учениците можат и преку комбинираната настава да ги покажуваат своите знаења, а нивниот труд да биде вреднуван, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Сите документи се доставуваат до Архивата на Општина Карпош (барака 2) или по пошта на ул. „Радика“ бр.9 – Скопје, со назнака „За доделување стипендии за талентирани ученици/спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за  2020/2021 година“.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски