Стипендии за ученици од социјално загрозени семејства

Од:

„Седумте ученици, нови стипендисти на општина Центар, денеска беа примени од градоначалникот на општината, Андреј Жерновски.

Учениците се избрани од редот на 4000 ученици во седумте општински основни училишта, според однапред определени критериуми. Тие покажале успех во учењето, се истакнуваат по своето знаење и креативност по одредени предмети и доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Учениците ќе добиваат секој месец по 3.000 денари стипендија

“Општина Центар и јас како градоначалник сакаме да ве поттикнеме да продолжите со успесите и резултатите во учењето, да постигнете уште поголеми достигнувања и да бидете пример и поттик за вашите школски другари. Општина Центар е секогаш тука за вас, отворена и достапна за вашите идеи и размислувања“, им порача Жерновски.

Учениците беа избрани од посебна комисија која ги ценеше резултатите и состојбата во која што живеат децата, односно дали живеат со самохран родител, во семејство со родители со попречености, дали живеат во старателско семејство, дали се станбено необезбедени или дали станува збор за раселени лица.

Општина Центар оваа година за првпат доделува и ваков тип стипендии, ценејќи ја и наградувајќи ја посветената работа на учениците, нивниот талент и помаѓајќи им финансиски, бидејќи живеат во социјално загрозени семејства“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории