Стипендии за додипломски студии на Универзитетот на Кипар

Од:

Универзитетот на Кипар доделува 10 стипендии за додипломски студии (со исклучок на Медицинскиот факултет), за кандидатите кои ќе аплицираат во септември 2021 година. Секоја стипендија ќе важи за времетраење на студиите од четири години, од страна на Универзитетот на Кипар покриени се 50 отсто од школарината.

Како што е наведено во известувањето на Министерството за образование и наука, стипендистите се обврзани на свој трошок да следат едногодишен курс за грчки јазик на Школата за модерен грчки јазик на Универзитетот на Кипар, за да стекнат сертификат за ниво B2 пред да ги почнат додипломските студии.

Доколку носителот на стипендијата не ги заврши своите студии во рок од четири години (осум семестри), стипендијата ќе биде прекината и нема да има можност за понатамошно продолжување.

Во известувањето кое  МОН го објави на својата веб-страница се наведени потребните документи за аплицирање за стипендија, како и линкови до интернет-страници и контакти каде што може да се добијат повеќе информации за критериумите за стипендијата и процесот на аплицирање, како и информации за виза и дозвола за привремен престој.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски