Стипе Месиќ доби признание почесен граѓанин на Гостивар

Од:

Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ денеска во Гостивар го доби признанието почесен граѓанин. На свечената седница на советот на општината, клучот на градот му го врачи градоначалникот Невзат Бејта.

Месиќ се заблагодари на честа која му ја укажана. – Имам многу признанија, но ова  ми е особено драго, бидејќи е донесено со едногласна одлука во советот и преставува голема чест за мене. Ме радува и тоа гледам дека мачните времиња на Балканот се зад нас и остануваат во минатото. Ова е уште еден доказ дека демократијата вреди да се негува, рече Месиќ на прес-конференцијата која се одржа по свеченоста.

Одговарајќи на новинарско прашање да даде оценка дали во Македонија се води добра економска политика, Месиќ одговори дека тој не сака  да се меша во внатрешните работи на земјава и дека тоа би било некоректно од негова страна.

Во придружба на Месиќ беше и Идриз Сулејмани за кого беше речено дека ќе биде кандидат за пратеник во хрватскиот Сабор, а тој во своето обраќање ја побара поддршка од своите сонародници од дијаспората за престстојните паралментарни избори во Хрватска.

Одлуката за доделување на признанието, членовите на советот на општина Гостивар ја донесоа минатата недела, со образложение дека Месиќ ја заслужува ваквата титула, затоа што во текот на политичката кариера се посветил на намалување на поделбите меѓу народите и промовирање на демократските вредности.  Стипе Месиќ во април 2012 беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија