Стевановиќ: Македонија со најмал број инфицирани со ХИВ

Од:

Република Македонија има најмал број лица инфицирани со ХИВ, вкупно 390 во моментот, што е резултат на превентивните активности што се преземаат во континуитет. Тоа се должи на успешната реализација на активностите од Програмата за превенција од ХИВ, која постои од 1987 година.

Ова попладнево го изјави директорот на Клиниката за инфективни болести и претседател на Националната комисија за ХИВ, Милена Стевановиќ, која рече дека во програмата правилната употреба на кондоми и лубриканти е значаен сегмент од активностите за превенција на ХИВ.

– Едукацијата ја врши здравствен работник и здравствена институција вклучена во Програмата за превенција на ХИВ при Министерството за здравство. Превенцијата од ХИВ е неопходна за секој поединец. Во рамки на користење на кондомот, лубрикантот ја има една од главните улоги во превенцијата на ХИВ инфекцијата. Навременото тестирање може да придонесе за квалитетен живот на секој човек, истакна Стевановиќ.

Додаде дека се набавени лубриканти во мали пакувања за една употреба, залиха на кондоми постои и секој денар домаќински се троши.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска