Стејт департментот со нов повик да се надминат политичките несогласувања во Македонија

Од:

Американскиот Стејт департмент повторно упати повик до македонската Влада и до опозицијата, да се надмине политичката блокада во земјата.

– Шефовите на мисиите на американската Амбасада во Скопје, на Европската Унија и на ОБСЕ објавија соопштение на 27 февруари, во кое повикуваат на итни мерки за да се надмине актуелната политичка блокада. Продолжуваме да ги повикуваме Владата и опозицијата во Македонија да постигнат решение, изјавија во Стејт департментот на прашањето на МИА по најавите за бојкот на локалните избори од страна на дел на опозицијата во Македонија.

Во заедничкото соопштение од 26 февруари, кое беше второ вакво соопштение во рок од две недели, се оценува дека Македонија е на критична крстосница.

Шефовите на дипломатските мисии во Скопје оценија дека се загрозуваат аспирациите на граѓаните за подобра иднина и политичката стабилност на земјата, и ги повикаа политичките лидери да и стават ктај на политичката криза.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?