А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стејт Департментот честиташе на изборите во Македонија

by А1он13/12/2016 - 09:12181
Share0

Американскиот Стејт Департмент го поздрави одржувањето на изборите во Македонија како важен прв чекор за излегување од политичката криза. Портпаролот на Стејт Департмент Џон Кирби ги повика партиите што ќе ја формираат идната Влада да работат конструктивно и со опозицијата, на спроведувањето реформи кои се значајни за евро-атланската интеграција.

Добивај вести на вибер

– Им честитаме на македонските граѓани кои го искористија своето право на глас на парламентарните избори на 11 декември. Исто така, ги поздравуваме првичните заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека фундаменталните слободи беа генерално почитувани. Одѕивот беше висок, а изборите беа спроведени на мирен и уреден начин, со неколку случаи на процедурални нерегуларности. Се приклучуваме кон загриженоста на овие две организации околу административната подготвеност за изборите и ја охрабруваме идната влада да продолжи да работи на градење на капацитетот во Државната изборна комисија и да се разрешат структурните и правните прашања во врска со гласачките списоци. Сметаме дека овие избори се важен прв чекор за Македонија да излезе од политичката криза. Ги охрабруваме партиите што ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформи кои ќе ја унапредат евроатланската интеграција, особено во областа на владеењето на правото. Сакам да ги уверам граѓаните на Македонија дека ќе имаат партнер во Соединетите Американски Држави при овие напори, изјави Кирби на редовната прес конференција во Стејт Департментот.

izbori 2016

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска09/02/2017 - 08:3309/02/2017 - 14:31

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска03/02/2017 - 12:0403/02/2017 - 12:51

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска02/02/2017 - 14:59

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он01/02/2017 - 19:3302/02/2017 - 10:23

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски30/01/2017 - 14:2931/01/2017 - 08:18

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он30/01/2017 - 13:5231/01/2017 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен