Стејт департмент: САД го поздравуваат историскиот договор за спорот за името

Од:

САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и Зоран Заев, и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение, изјави портаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт.

– Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што беше побарано од двете земји, вели Нуерт во пишаната изјава што ја пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Вашингтон изразува благодарност и до медијаторот Метју Нимиц, кој како што се посочува, 20 години посветено работеше за изнаоѓање решение.

Би можело да ве интересира

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Иран ги предупреди САД: Не можете да прифатите примирје, а потоа вашиот сојузник да почне масакр

Нов Зеланд бара од САД танкери со гориво поради војната на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“