Стејт департмент: Одговорност за обвинувањата од снимените материјали, а опозицијата да се врати во парлементот

Од:

Охрабрени сме од чекорите на Владата да ги смени клучните министри и функционери и ја повикуваме опозициската партија да се врати во Собранието, изјави Џеф Ратке, портпарол на американскиот Стејт департмент, на прашање за состојбата во Македонија. Ратке потсети дека САД и европските држави упатиле повици до двете политички страни во Македонија.

– Одблиску ги следиме настаните во Македонија и заедно со нашите европски партнери сме во тесни консултации со македонската Влада и со политичките лидери, да ја пренесеме нашата загриженост за актуелната политичка криза. Ги повикуваме двете страни да го почитуваат правото на мирно собирање и протестирање, при што ќе се воздржат од насилство. Ги повикавме властите да направат чекор кон одговарање на обвинувањата за нерегуларности кои излегуваат од неодамна објавените материјали. Исто така, ја повикавме опозициската партија да се врати во Собранието, каде ќе учествува во зајакнување на собранискиот надзор врз владините институции, вклучително и во анкетна комисија за објавените материјали. Охрабрени сме од минатонеделниот чекор на Владата да смени клучни министри и функционери кои беа имплицирани. Сметаме дека тоа е позитивен чекор, но веруваме дека македонските лидери мора да работат заедно и да отпочнат дијалог за прашањата кои ја спротивставија земјата, меѓу другото и за неопходните реформи и за актуелната политичка криза, изјави Ратке, на прашањето што САД прават за Македонија да се врати на патот на евро-атланските интеграции.

Би можело да ве интересира

Трамп: Започнавме операција за деминирање во Ормутскиот теснец. Иран: Не помина нуту еден брод

Предраг Петровиќ

Напредок на преговорите во Исламабад, Иран ги обвини американските медиуми за поттикнување тероризам

Американски воени бродови поминаа низ Ормутскиот теснец. Иран: Повлечете се, имате 30 минути

Предраг Петровиќ

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот