Стејт департмент: Македонија соработува во антитерористичките напори

Од:

Македонија соработува со Соединетите Американски Држави во антитерористичките напори и е членка на Глобалната коалиција за пораз на Исламаска држава, стои во денеска објавениот извештај на Стејт департментот за тероризмот и насилниот екстремизам.

Македонските власти проценуваат дека припадници и симпатизери на ИСИС се присутни во државата. МВР и разузнавачките агенции проценуваат дека најмалку 150 македонски државјани патувале за да им се приклучат на терористичките групи во Сирија и во Ирак. Од нив, 30 се убиени, 40 и понатаму се присутни таму, додека 80 се вратиле во Македонија, стои во извештајот.

Се посочува дека Македонија презема мерки за зацврстување на легислативата и зајакнување на капацитетите за борба против терозризмот и неговото финансирање, како и за зајакнување на сајбер безбедноста и соработката со меѓународните партнери.

Македонската гранична полиција и царина се членки на иницијативата за гранична соработка, чија цел е да се формира прекугранична работна група за гранична безбедност од Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, за борба против корупцијата, криумчарење, транснационалниот криминал и тероризам.

Би можело да ве интересира

Убијте ме, не ја разбирам нивната логика, Вучиќ за санкциите од САД за НИС

Катерина Ѓуровски

Тинејџер уапсен поради планирање терористички напад врз црква во Русија

Автобус се заби во станица во Стокхолм, има мртви

Стејт департмент: Македонија се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

Стејт департмент: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија