(ВИДЕО) Стефоска: До кога ќе го злоупотребуваш нашето трпение, Трајко?

Од:

Граѓани, никој од нас, ниту пак оваа институција не го заслужува понижувањето од пратеникот зад мене, рече пратеничката Ирена Стефоска.

Ниту еден од вас, ниту еден од сите нас не го заслужува ова понижување што ни го приредува пратеников зад мене. Веќе трета недела тој се мајтапи со правилата и процедурите на парламентарната демократија, го урива уставниот поредок со блокирање на изборот на претседател на Собранието и Владата на Република Македонија? Тоа е предавство, рече Стефоска.

– Од кого пратенику зад мене ја браните Македонија? Од нашите сограѓани Албанци, од вашите довчерашни партнери во власта, со кои се уште седите заедни во Владата? Кој ви дал за право, пратенику зад мене, со нешто што вие мислите дека е итроштина да ја парализирате работата на Собранието и да ги арчите животите на луѓето. Ве прашувам вас:До кога ќе го злоупотребуваш нашето трпение Трајко, праша Стефоска.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он