Стефковски: Вработените во МТСП се под голем политички притисок

Од:

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира за „притисоци кон вработените во Министерство за труд и социјална политика за носење незаконска одлука за одземање на ингеренциите на градинката Детска радост“.

Во објавата, Стефковски напиша:

– До мене пристигнуваат информации дека вработените во Министерство за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството на министерството за донесување на незаконска одлука за одземање на ингеренциите за детската градинка Детска радост во Автокоманда. Информациите говорат дека дел од вработените биле принудени да користат боледување со цел да ги избегнат притисоците.

Сакам јавно да апелирам до Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска да не води политичка борба врз грбот на децата во градинките.

За секоја незаконска одлука ќе има ревизија, а потоа и одговорност. Заштита на незаконско работење не смее да има за никого! – напиша Стефковски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ