Стефковски: СДСМ во Гази Баба никогаш повеќе

Од:

Општина Гази Баба бележи силен напредок и развој во кој се реализираат проекти како никогаш досега. СДСМ четири години имаше шанса на локално ниво и тие шансата од граѓаните ја злоупотребија за криминал, корупција и беззаконие и тоа беше казнето на локалните избори, се вели во реакцијата на Бобан Стефковски
градоначалник на општина Гази Баба.

Советниците во Советот на општина Гази Баба предводени од Димитриевиќ освен деструкција и обиди за блокирање на проекти ништо друго немаат понудено, вели Стефковски.

„Во изминатите две години во општина Гази Баба се изгради нова фекална канализациона мрежа во должина од 23 километри, нови 18 спортски терени со тартан подлога, 4 спортски терени на подлога од вештачка трева, 43 детски забавни катчиња, над 30.000 метри квадратни асфалтирани локални улици, нова училишна сала во ООУ Кирил и Методиј во Стајковци, нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани, за прв пат во историјата 6.800 ученици добија бесплатни училишни униформи и уште стотици реализирани нови проекти. Деструкцијата на СДСМ не ја поддржуваат ниту оние кои беа дел од нивната советничка листа, а за тоа говори фактот што еден од советниците на СДСМ ја напушти советничката група и стана независен советник. СДСМ не извлече никаква поука од поразот на локалните избори и токму поради тоа на претстојните избори ќе добијат нова казна од граѓаните“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски