Стефковски го обвинува МТСП за тенденциозна постапка за одземање на ингеренциите врз „Детска радост“ откако претходно ја разреши директорката

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски обвинува дека изминатите денови Министерството за труд и социјална политика започнало тенденциозна постапка за одземање на ингеренциите врз градинката „Детска радост“, со што институцијата се става во директна заштита на незаконско работење.

Како што пишува Стефковски, наместо МТСП да застане на страната на законот, тие започнале инспекциски надзор во општината.

„При вчерашната посета во општината, ми укажаа дека има недостатоци во документацијата и со тоа била прекршена постапката. На инспекторите им ја предадовме целокупната документација која е утврдена во членот 125 од Законот за заштита на децата, а се однесува на постапка за разрешување на директор на градинка. Со жалење сакам да информирам дека инспекторите истакнаа дека при надзорот во градинката дел од документацијата за постапката за разрешување недостасувала, а истата ја има во документите кои се општината. Ова е уште еден доказ дека во таа градинка се работело спротивно на Закон, односно се крие службена документација“, пишува градоначалникот на Гази Баба на неговиот Фејсбук профил.

Стефковски апелира Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да се произнесат по доставената документација од ревизорскиот извештај, која им ја предале.

Претходно, „А1он“ објави низа документи кои ни беа доставени од свиркач за трошоци кои ги направила градинката во периодот на директорувањето на Петровска. Според датумот и времето на дел од фактурите се гледа дека тие се направени после работното време. За нив, во финансискиот извештај за 2021 година на „Ревизија Чулева“ пишува дека не биле спроведувани постапки на јавни набавки, иако поединечните суми биле над законски дозволениот минимум. Во ревизијата стои и дека според деталниот увид на налозите за користење на службениот автомобил на градинката, тој бил користен и за приватни потреби, односно за превоз на директорката до нејзиниот приватен дом во Петровец.

Тогаш, од општина Гази Баба за „А1он“ потврдија дека такви документи постојат и се составен дел од самата ревизија. Но, Петровска негираше дека е прекршен законот за јавни набавки и дека вистината е на нејзина страна.

Би можело да ве интересира

Гази Баба ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Стефковски: Лага е дека советничката која ја напушти Левица е предмет на политички пазар

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он