Стефче Трпковски вети повеќе проекти за Сопиште

Од:

Изведба на водоводна мрежа од Патишка Река, изградба на  нови резервоари, улично осветлување во сите населени места и асфалтирање на сите локални улици вети денеска кандидатот за градоначалник за општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Стефче Трпковски.

На денешната прес-конференција Трпковски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди континуитет на делата и континуитет на успесите и додаде оти она што го ветува ќе го реализира.

– Ќе спомнам само дел од планираните проекти – изработка на проекти за фекална и за атмосферска вода, набавка на возило за зимско одржување во функција на ЈКП Сопиште, реконструкција на локален пат Добри Дол Р-104 во должина од 608 метри, единечен терен за тенис во соработка со Владата, игралиште за баскет во Сопиште, игралишта за мал фудбал во Добри Дол и во Чифлик, изработка на техничка документација за детска градинка, пешачка патека од село Сопиште, зграда на локална самоуправа до ОУ „Драга Стојановска“, рече Трпковски.

Тој потсети на проектите кои досега се реализирани во општина Сопиште – асфалтиран и проширен пат кон соседната општина Кисела Вода преку Теферич, санирано е свлечиштето во Ракотинци и во Сопиште, реконструиран и асфалтиран е локалниот пат Сопиште-Ракотинци-Добри Дол финансиран од Владата, набавено е возило за ЈКП Сопиште, продолжена е автобуската линија со број 24, село Добри Дол доби редовен јавен превоз во сабота и недела..

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?