Стефановски: Граѓаните на Гази Баба паметат каков градоначалник бев

Од:

Граѓаните на Гази Баба многу добро паметат каков градоначалник беше Стефановски кој со шест пати помал буџет од денешниот на Тони Трајковски направи многу повеќе на планот на подобрување на условите за живот на граѓаните на Гази Баба, транспарентно, со многу труд, залагање и посветеност.

Ова се вели во реакцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од редовите на опозицијата Борче Стефановски, на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски, кој го обвини Стефановски за матни зделки.

„Мојот поранешен пријател Бичиклиски ја рефлектира очигледната нервоза во владеачката партија во однос на сè поголемиот рејтинг на кандидатот на Сојузот за иднината за градоначалник на Гази Баба, Борче Стефановски”, се вели во реакцијата на Стефановски.

Тој додаде дека Бичиклиски денеска го наклеветил, без да понуди било каков доказ за изречените тврдења.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“