(ВИДЕО) Стефанова: Филимена и Михајло Маневски присуствуваа на претресот во „Орка“ на Орце Камчев

Од:

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред Кривичниот суд за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и ексшефицата на СЈО, Катица Јанева за изнуда на пари од бизнисменот Орце Камчев.

Таа првично рече дека не е скарана, но дека не е во добри односи со Јанева.

Стефанова го водеше предметот „Империја“ каде што осомничени меѓу другите се токму Камчев и негови блиски соработници, меѓу кои и Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мијалков…

Таа пред судот објасни како течела истрагата за „Империја“.

„Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес. Истражителите дојдоа во 6 сабајле, Камчев ги дочека облечен и подготвен. Таму беше и Зоран Милески Кичеец а подготвена чекаше и неговата сопруга Ана. Кога се вршеше претрес во Орка Холдинг, канцелариите веќе беа исчистени, а таму чекаа Михајло и Филимена Маневски“, рече Стефанова.

Во текот на целата предистражна и истражна постапка, рече Стефанова, Камчев се обидувал да влијае преку политичари, емисари, обвинители, судии, бизнисмени.

„Тие обиди за влијание тогаш беа безуспешни. И кај мене и одговорно тврдам дека и кај Катица Јанева, која не покажа дека сака да ја подобри положбата на овие лица“, рече Стефанова.

Нејзиното сведочење продолжува.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Стефанова тврди дека продолжила кај што Русковска застанала за Муареми

Кристијан Ландов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов