Стечајците во шатори ќе кампуваат пред Влада

Од:

Кумановските стечајци блокадите и протестите ги селат во Скопје.

Со шатори ќе кампуваат пред Влада се до исполнување на нивните барања. Сакаат да ги потсетат надлежните на нивните нерешени проблеми, но и на барањето за месечен паричен надоместок на околу десет илјади граѓани во државава.

„На 10 јуни, по пети пат ќе поднесеме нов предлог закон за стечајците“, изјави претседателката на кумановските стечајци, Лилјана Георгиевска.

Георгиевска очекува дека конечно ќе проработи свеста кај надлежните и ќе се реши нивниот статус, за кој се борат веќе единаесет години.

Тие вчера на двочасовниот протест се пожалија дека единаесет годишната голгота го уништи здравјето на многу стечајци, некои се и починати.

„Поентата на Груевски е сите да починеме и да не снема“, рече на вчерашниот протест еден од стечајците.

Би можело да ве интересира

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Истрага за даночно затајување во Битола

Бројот на барања за стечај во ЕУ во вториот квартал зголемен за 2,2 отсто

А1он

Штедачите со депозити во „Еуростандард банка“ не треба да ги пријавуваат побарувањата, вели стечајниот управник

Жарко Настоски

Народна банка до Трифун Костовски: „Еуростандард“ не исполнуваше минимални законски услови за работа

Жарко Настоски

Трифун Костовски: Да се повлече стечајот на Еуростандард, законот не може да биде над интересите на граѓаните

Жарко Настоски