Стечајците го блокираа патот кон Скопје на излезот од Куманово

Од:

Стечајните работници денеска повторно го блокираа патот од Куманово кон Скопје во знак на револт што власта не покажува интерес за решавање на нивниот проблем, објави порталот „Кумановоњуз“.

Тие велат дека се оставени без корка леб и иако се зборува дека здравството е бесплатно, на лекар не можат да појдат без пари, а немаат никакви шанси за повторно вработување заради возраста. Стечајците го повикуваат премиерот Никола Груевски да ги обештети, бидејќи со години работеле и придонесувале за државата, се вели во веста.

„Плачеа за буџет, еве донесен е ама нема ништо за нашето обештетување. Дали не сме големо гласачко тело, па повеќе внимание им посветува на пензионерите и земјоделците. Не туркаат таму каде што не сакаме да бидеме. Ние не можеме да се вработиме, ниту да дојдеме до пари. За да не се справува со нас по улици нека ни го решат проблемот. Да го обештетат овој јаден и гладен народ“, рече Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ за порталот.

Би можело да ве интересира

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред Собранието

Ана Ололовска

Собранието ќе расправа за законот за стечајци

Ана Ололовска

Средба на Заев со претставници на стечајните работници: Поздравени чекорите на владата низ дијалог да се решат проблемите

Наум Локоски

МТСП: Со законот за стечајци 3.000 лица ќе добиваат 7.596 денари месечно

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на стечајците: Груевски да ни ги врати парите, пола од стечјаците дома немаат струја

Ана Ололовска