Стебла канабис сатива најдени во Тетово

Од:

Тетовските полицајци повторно најдоа стебла од растението канабис сатива од кое се произведува марихуана.

Во сабота во раните претпладневни часови, службеници на СВР Тетово, открија и со соодветна судска наредба искорнаа вкупно 1.203 стебла „канабис сатива“. Најголемиот број од стеблата биле пронајдени на три различни локации, односно парцели во атарот на тетовското село Порој, поточно во месностите „Табачница“ и „Големо дрво“, а 40 стебла биле искорнати на друга локација покрај патот што ги поврзува селата Џепчиште и Требош.

– Сите стебла, со различна големина од четириесет сантиметри до два и пол метри, во координација со јавен обвинител, подигнати се и донесени во СВР Тетово. Извесна количина од нив ќе се вештачат и ќе се истражува, кој, кога и како ги засадил на тие површини, соопшти портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски.

Инаку, овие активности се во рамките на континуираната акција, која минатиот и овој месец интензивно ја спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, а во која досега вкупно беа откриени и искорнати околу 3.000 стебла „канабис сатива“, од кои близу 2.000 на тетовското и 1.000 на поширокото гостиварско подрачје.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава