Ставридис: Македонија треба да биде следна држава во НАТО

Од:

Поранешниот командант на Северноатлантската алијанса, генералот Џејмс Ставридис, во изјава за Гласот на Америка истакна дека Македонија е следна држава која треба да се приклучи кон НАТО.

– Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот со името, со што ќе се отвори врата за Македонија да влезе во НАТО. Мислам дека Македонија е следна држава која ќе се приклучи кон Алијансата, изјави генерал Ставридис.

Тоа, спроед него, би бил следен чекор кон обединување и зацврстување на Балканот.

Гласот на Аметика потсетува дека и потпретседателот на САД Мајк Пенс, во име на претседателот Доналд Трамп, на почетокот на месецов, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја истакна поддршката на САД за евроатлантската интеграција на Македонија.

– Пенс истакна дека САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската аспирација кон Македонија, и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите, кои ќе го забрзаат нејзиниот пат во тој правец, соопшти тогаш Белата куќа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по изборот на новата Влада, порача државата да ги спроведе потребните реформи, вклучувајќи владеење на правото, со цел да го забрза нејзиниот пат кон евроатлантската интеграција.

– Како што Скопје ќе напредува, НАТО ќе продолжи да обезбедува поддршка, преку нејзината канцеларија во главниот град, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Руте ги повика земјите од НАТО да се подготват за војна

А1он

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ: НАТО стигна до границите на Русија

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји