А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Стотиците реализирни проекти и мерки прават разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

by А1он27/11/2012 - 15:08177
Share0

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во последните шест години воведе нови стандарди во политиката и реализира стотици проекти, предвидени во нивната предизборна програма. Проектите од програмата, рече, ја прават главната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Добивај вести на вибер

– Се додека СДСМ мисли дека резултатот на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните се должи на реклами и пропаганди ќе ги губи изборите. Само тешка напорна работа и посветеност дава  резултати кај граѓаните. Помина времето кога реториката беше доволна и кога се ветуваше се и сешто и кога пред граѓаните се излегуваше со политички голи реченици и без програма и проекти, рече Ставрески.

Воведени се, додаде, стандарди кои од 2006 година важат за сите и кои ние ги воведовме, да се изработи програма во која има проекти со рок на реализација, задложена институција и финансиски средства.

– Со програмата се излегува пред граѓаните и доколку ви дадат доверба потоа давате отчет. Тоа не постоеше претходно во македонската политика…. Не е канцеларијата местото од каде се креираат политиките, туку треба да се излезе меѓу граѓаните, да се истрпи нивниот поглед, критика и совет и ако може да се реализираат работите кои ги бараат, рече Ставрески.

Тоа, посочи, е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и потсети на некои од проектите што ги реализирала актуелната власт.

– Стотици илјади граѓани ја искористија мерката по едно евро за метар квадратен да го откупат дворното земјиште. Со мерката за намалување на акцизата за увоз на возила се овозможи заклучно со 2012 година да се увезат 160 илјади возила од кои голем дел се употребувани возила со што им се овозможи на граѓаните да купат понови возила од тие што ги имале или ако немале првпат да купат возило. Тоа е директен начин како им се помага на граѓаните што можеше да го направи и СДСМ, нагласи Ставрески.

СДСМ, додаде, имаше можност да ги легализира дивоградбите, проблем што постои во Македонија во последниве 40-тина години, нешто што го направи ВМРО-ДПМНЕ.

– Многу граѓани бараа СДСМ да го реши тоа прашање. Не можевте во еден мандат, не можевте во вториот,… Можевте да им помогнете на компаниите и да го предложевте она  што ние го предложивме како мерка државното градежно неизградено земјиште за стопански капацитети да се купува по едно евро за метар квадратен почетна цена. Можевте и дополнително да ги намалите комуналиите како што ние направивме за 95 проценти. Можевте да ја намалите цената на лековите, на зелениот картон, на надоместоците за хомологација за 50 проценти, трошоците за премии за осигурување, да изградите некоја спорстка сала, нешта што ние ги направивме, посочи Ставрески.

Можевте, нагласи, да изградите социјални станови, да дадете прична помош за мајките за секое трето родено и четврто родено дете,….. За граѓаните, додаде, ќе беше многу подобро доколку во минатото и СДСМ реализираше исто толку проекти колку што реализира ВМРО-ДПМНЕ.

sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Морбидни обвинувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

Горан Наумовски08/07/2025 - 19:16

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

Горан Наумовски08/07/2025 - 16:49

СДСМ: Инфлацијата беснее, животот е сè поскап, а Мицкоски продава шарени економски лаги

Горан Наумовски08/07/2025 - 15:22

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се обидува да дефокусира од својата внатрешна криза со подметнување на пожари?

Горан Наумовски08/07/2025 - 15:21

СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

А1он07/07/2025 - 15:15

(ВИДЕО) Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен