А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Со 135 милиони инвестиција струмичката болница ќе стане регионален центар

by А1он17/04/2014 - 17:4165
Share0

Во Болницата во Струмица во изминатиот период се инвестираа значителни средства во нова опрема, а во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се 135 милиони денари за довршување на реконструкцијата на болницата, односно изградба на крилото каде што ќе има шест нови операциски сали и подобри услови за извршување на оперативните зафати.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица Зоран Ставрески при денешната посета на Болницата во Струмица.

– Во болницата се купи апаратот за компјутерска томографија, ангеограф, рендген апарат, инкубатори и други потребни средства во висина од преку два милиони евра, опрема што помогна да се подигне квалитетот на здравствените услуги. Во исто време се реновираше најголем дел од болницата каде што се создадени и подобри услови за пациентите, како и за здравствениот кадар кој работи тука.

Такви инвестиции ќе продолжат и во следниот период, истакна Ставрески.

Следете a1on на Youtube YouTube

Позитивно го оцени тоа што се работи и на обука на кадарот, односно подигнување на квалитетот на кадарот, што според него дава сигурност дека во следниот период струмичката болница ќе биде навистина регионален центар и ќе може да пружа здравствени услуги коишто во минатото ги немало.

Пациентка од струмичката болница изјави дека кога била тука пред неколку години негата и исхраната биле лоши, додека сега, како што рече, се е подобрено и се чувствуваат подобрите услови. – Се чувствува дека условите се подобрени. Негата го подигнува човекот. Болните полесно си заминуваат кога е се добро, додава таа.

izbori

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:0903/05/2026 - 22:00

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто