А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Со 135 милиони инвестиција струмичката болница ќе стане регионален центар

by А1он17/04/2014 - 14:50123
Share0

Во Болницата во Струмица во изминатиот период се инвестираа значителни средства во нова опрема, а во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се 135 милиони денари за довршување на реконструкцијата на болницата, односно изградба на крилото каде што ќе има шест нови операциски сали и подобри услови за извршување на оперативните зафати.

Добивај вести на вибер

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица Зоран Ставрески при денешната посета на Болницата во Струмица.

– Во болницата се купи апаратот за компјутерска томографија, ангеограф, рендген апарат, инкубатори и други потребни средства во висина од преку два милиони евра, опрема  што помогна да се подигне квалитетот на здравствените услуги. Во исто време се реновираше најголем дел од болницата каде што се создадени и подобри услови за пациентите, како и за здравствениот кадар кој работи тука. Такви инвестиции ќе продолжат и во следниот период, истакна Ставрески.

Позитивно го оцени тоа што се работи и на обука на кадарот, односно подигнување на квалитетот на кадарот, што според него дава сигурност дека во следниот период струмичката болница ќе биде навистина регионален центар и ќе може да пружа здравствени услуги коишто во минатото ги немало.

dpmneizbori

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто