Ставрески и Јанкуловска ветија помош за Белчишта

Од:

Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска на жителите на охридското село Белчишта, каде најмногу се почуствува земјотресот од пред два дена во регионот на охридско им ветија помош и оти владата и овој пат како и секогаш ќе застане зад нив.

„Владата ќе им помогне на луѓето како и секогаш при елементарни непогоди. Ќе им помогнеме на луѓето да ги обноват своите домови, да се вратат да се чувствуваат безбедно и да продолжат да живеат нормално“, рече министерот за финансии Зоран Ставрески.

Според првичните проценки оштетени се околу 20 куќи и исто толку помошни објекти, како и неколку автомобили.Градоначалникот на Дебарца рече дека од понеделник комисијата која била формирана за проценка на штетите, излегува на терен.

Тој очекува дека владата ќе помогне во обесштетување на сите семејства и санирање на последиците.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?