Ставен во мирување штрајкот на судската администрација

Од:

Штрајкот на судската администрација е ставен во мирување, соопштија денеска Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација.

Судската и извршната власт, истакнуваат во соопштението, со својот игнорантски однос и незаинтересираност кон штрајкот и барањето на штрајкувачите во изминатите 58 дена, како и незаконското казнување на штрајкувачите со задршка од нивните плати од 40 проценти, создадоа невиден хаос во судовите и сакаат да предизвикаат поделеност и не единство меѓу вработените со цел да го скршат штрајкот.

– Имајќи го во предвид изнесеното, а согласно Законот за судовите, според кој годишните одмори во судовите почнуваат од 15 јули и за овој период се извршуваат само нужни работи, односно уште помалку работи од колку за време на штрајк, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА зазедоа став дека за овој период штрајкот ќе мирува. Иако Синдикатот и ЗСА донесоа ваков став, тоа не значи дека штрајкот се прекинува. Зависно од тоа, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА дополнително ќе го определат датумот на продолжување на штрајкот со полн интензитет, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

Доколку штрајкувачите по ставањето на штрајкот во мирување се соочат со притисоци и закани од судската власт, според Синдикатот и Здружението, штрајкот ќе биде активиран и ќе продолжи со поголем интензитет од досегашниот.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА информираат и дека во наредниот период ќе обезбедат средства и финансиски ќе ги помогнат штрајкувачите кои, како што се вели во соопштението, на незаконски и безобразен начин би биле казнети со задршка од нивните плати.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални