Стартуваше изградбата на нови улици во штипската населба „Железничка“

Од:

Во штипската населба „Железничка“ почна изградбата на нови улици, по кои досега граѓаните одеа по кал. Екипите на ЈП „Стипион 2011“-Штип од денеска работат на тампонирање на крак на улица во населба Железничка.

– Овде имаме доста улици коишто се со земјена подлога и се доста неповолни за движење на граѓаните во неповолни временски услови, така што започнавме да работиме на еден крак којшто е со 700 м2 димензија и 170 метри должина. Овој крак ќе биде изработен од ЈП „Стипион 2011“ до фаза на тампонирање и неговата вредност е 275.000 денари, рече градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Тој најави дека по завршувањето на оваа улица екипите ќе почнат со градежни работи на уште една поголема улица во населбата. Станува збор за улица од 2.800 м/2 димензија и 800 метри должина.

– Општина Штип во овој дел од градот инвестира уште дополнителни 650.000 денари на нови улици коишто ќе бидат асфалтирани во должина од околу 300 метри. Ќе се работи и на пристапен тротоар на самиот влез од градот, од населба „Железничка“ до Кампус 4, рече Бочварски.

Тротоарот на влезот на градот до факултетите во Кампус 4 се очекува да стартува наредната недела.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он