Стартуваше Браќа Манаки

Од:

Ниту поројниот дожд, не ги спречи филмските работници и вљубениците во филмот да продефилираат на црвениот килим пред Домот на културата во Битола на отворањето на фестивалот на посветен на филмска камера „Браќа Манаки“.

33-тото издание на фествалот ќе го отвори македонскиот филм „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, а неговото премиерно прикажување ќе го следат големата филмска ѕвезда Кетрин Денев, великанот на светското кинематограферство и годинашен лауреат Кристиан Бергер.

На црвениот килим продефилираа режисерот на филмот Дарко Митевски и актерите Сашко Коцев и нашиот најпознат мдоел Катерина Ивановска, кој ги носат главните улоги во ова филмско остварување.

Катерина Ивановска, во нејзиното кусо интервју за новинарите на црвениот килим изјави дека е премногу возбудена и дека едвај чека да ја виде премиерата на Трето полувреме во која таа го има своето актерско деби. Ивановска која за настанот одба долг фустан со батиќ црно бели шари изјави дека се надева дека ќе има можност да ја запознаа филмаксата дива Кетрин Денев.

Сашко Коцев изјави дека не се плаши од политички имликации кој може да ги донесе овој филм, бидејќи како што вели ништо во филмот не е измислено.

Дека Битола вечерва е центарот на културните случувања говори и фактото дека во Домот на културата присутни се неколку стотини домашни и странски гости, 130 новинари и голем број на филмски работници.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ