Стартува скијачката сезона на Попова Шапка

Од:

Со ноќно скијање вечер од 19 до 22 часот, ќе започне новата скијачка сезона на Попова Шапка.

Директорот на Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка, Перо Димитриески најави дека првото уживање во ноќното скијање за сите љубители на зимските спортови ќе биде бесплатно.

За новата 2012/2013 скијачка сезона сите ски лифтови се во функција, но засега нема да работи само двоседишницата кон Церипашина. Се очекува да профункционира за десетина дена.

Цените за користење на ски лифтовите се исти како и минатогодишните, дневната карта чини 900, полудневната 700, а неделната ски карта 5.700 денари.

Би можело да ве интересира

Камиони и автобуси не смеат да се движат на патот Тетово – Попова Шапка

Жарко Настоски

Тетовски полицајци евакуираа семејство заглавено на Попова Шапка

Ски-лифтовите на Попова Шапка не се во функција поради дожд и магла

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пуштена во употреба шестоседната жичница на Попова Шапка

Ана Ололовска

На Шапка од денеска во употреба новата шестоседната жичница

Ана Ололовска

Намалена видливост на Шапка и Стража

Наум Локоски