Стартува масовната имунизација против Ковид-19, подготвени шест регионални центри

Од:

Започнува масовната имунизација на населението, во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

Во меѓувреме бројот на заболени се намалува и со тоа и притисокот врз болниците, по што Главниот координативен кризен штаб предложи од среда полицискиот час да почнува од 23 часот и да трае до 05 часот наредниот ден, а летните тераси и градини на угостителските објекти да работат до 22:30 часот.

Овие предлог-мерки треба да бидат разгледани на следната седница на Влада и би биле со важност од 5 мај 2021 година.

За време на продолжениот викенд вкупниот бројот на заразени продолжи да се намалува, и тоа од 14.747 на 30 април, на 13.915 на 3 мај.

Во истиот период вкупно новозаразени беа 746, а оздравени 1.700 пациенти.

Вчера беа регистрирани 62 новозаболени и 398 оздравени пациенти, откако на 2 мај имаше 105 новозаболени и 403 оздравени пациенти, на 1 мај 214 новозаболени и 305 оздравени, а на 30 април 365 новозаболени и 594 оздравени.

Вкупно 200.000 кинески вакцини, кои пристигнаа минатата недела, се дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и регионалните центри во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што од денеска со нив ќе почне масовната вакцинација на населението. Здравствени власти најавуваат вакцинирање на бројка од меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден, и висок процент на вакцинирано население до почетокот на летото.

Министерот за здравство Венко Филипче, по пристигнувањето на 200 илјади вакцини „Синофарм“ во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.

Според Министерството за здравство, согласно вчерашниот ден на инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 1.085 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот и во ковид-центрите има 757 празни болнички кревети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска