Стартува летниот режим на одвивање на сообраќајот во центарот на Охрид

Од:

Сообраќајот во Охрид од денеска се одвива според летниот режим, со ограничувања и целосни забрани за движење на моторни возила на одредени улици и делови во централното градско подрачје.

Согласно одлуката на Советот на општината, до 31 август за сообраќај целосно ќе биде затворена улицата „Кеј Маршал Тито“ од пресекот со кружниот тек на плоштадот до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, како и „Ванчо Николески“ од пресекот со улица „Партизанска“ до улица „Кеј Маршал Тито“ и пешачката патека од Центарот за обука на вода до Горица.

На неколку други улици во централнот градско подрачје сообраќајот ќе се одвива со ограничувања, односно со забрана за движење во вечерните часови, во периодот од 20 до 5 часот наутро.

Во стариот дел од градот движењето на возила ќе биде дозволено само за жителите на Стар Град кои ќе добијат специјални налепници за движење на возила  кои ќе се издаваат во Секторот за комунални дејности сообраќај и  улици при Општина Охрид.

Од денеска стартува и временското ограничување на пловидбата на скутери и чамци по Охридското Езеро. Скутерите на вода нема да смеат да пловат по езерото во текот на целиот летен период од 11 до 19 часот, додека за чамците оганичувањето важи до 31 август во периодот од 21 до 5 часот секој ден.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски