Стартува дезинфекцијата на школите во Карпош

Од:

Екипа на овластена фирма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од денеска почна со дезинфекција на основното општинско училиште „Лазо Трповски“ во Карпош 3. Со тоа и официјално стартуваше редовната дезинфекција на сите десет основни училишта на територијата на Општина Карпош, пред стартот на учебната година на 1 октомври.

– Според Законот, ваква сеопфатна дезинфекција во предучилишните и училишните установи во општините се врши секои шест месеци во годината, но Општина Карпош, во текот на март направи уште една дезинфекција на градинките и школите поради вонредната состојба со пандемијата, соопшти Општина Карпош.

Од понеделник, наведуваат, продолжува дезинфекцијата и во другите девет објекти на училиштата во Карпош, така што, до 30 септември сите установи безбедно ќе ги пречекаат учениците во новата учебна година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје