Стартува бродската линија Охрид – Поградец

Од:

Од Охридското пристаниште денеска ќе почне да сообраќа првата бродска линија Охрид – Поградец.

Се работи за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на туристите од Охрид во Македонија до Поградец во Албанија и обратно.

На стартот на првото запловување најавено е присуство на министерот за транспорт и врски  Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

По пристигнувањето  во албанскиот град Поградец, предвидено е Јанакиески и Бакрачески да бидат пречекани од своите  албански колеги, министерот за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто и градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум