Старица од Тетово почина откако во неа удри автомобил

Од:

Седумдесет и едногодишна тетовка почина од здобиените повреди кога во неа удри автомобил на булеварот „Видео Смилевски – Бато“.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 71-годишната У.Ј. починала од здобиените повреди во сообраќајната незгода што се случила денеска околу 11:25 часот. Во неа удрил автомобил „опел вектра“ управуван од А.И. (34).

Повредената веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде лекарите само ја констатирале нејзината смрт.

Увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово. Се работи на утврдување на причините за сообраќајката.

Минатиот месец во тетовско се случија пет сообраќајни несреќи во кои непосредни учесници беа пешаци. Полициската статистика покажува дека во овие несреќи немало починати како последица на удар од автомобил.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип