Старец изгоре во пожар во струшкото село Октиси

Од:

84-годишен човек го загуби животот во пожарот што ноќеска зафати семејна куќа во струшкото село Октиси. Жртвата е татко на сопственикот на куќата.

– Денеска (05.04.2023) во ОВР Струга било пријавено дека во 03.30 часот во с.Октиси, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на М.М. Од здобиените повреди во пожарот починал И.М.(84) од с.Октиси, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница