Стара електрична инсталација причина за пожарот во Струга

Од:

Стара електрична инсталација е причина за пожарот во кој во петокот изгореа пет куќи во сокачето „Нико Нестор“ во центарот на Струга.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека по спроведената истрага и податоците од терен, првичните информации говорат дека пожарот настанал од дотраената инсталација во една од старите куќи. Штетата, додаде тој, дополнително ќе се утврдува.

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Струга Минир Мамуди тврди дека не постои опасност за повторно реактвирање на огнот и оти нивни екипи вршат патролни обиколки по барање на граѓаните.

– Нашата работа е успешно завршена. Доаѓат луѓе од населбата да ни заблагодарат за интервенцијата со која спречивме поголема катастрофа, изјави Мамуди.

Во пожарот целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живеел, а опожарени се кровните конструкции на уште две каде живеат луѓе, кои навреме биле извадени. Во гасењето учествуваа екипи на Територијалната пожарна единица во Струга, нивни колеги од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и локалното население. Гасењето одеше отежнато поради тесните улички и збиената архитектура, но и од несовесно паркираните автомобили.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски