Стапи во сила спогодбата за патување со лични карти на државјаните од Македонија и Косово

Од:

Македонија и Косово денеска го означија официјалното стапување во сила на меѓудржавната спогодба на своите влади за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти.  

Официјализирањето на спогодбата беше на граничниот премин „Блаце“, каде што присуствуваа македонскиот заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу и заменик-министерот за внатрешни работи на Косово Валдет Хоџа. 

– Одбележувањето на овој значаен настан за двете држави, јасно ја истакнува добро воспоставената и институционализирана билатерална соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, истакна Нухиу.

Додаде дека Спогодбата е склучена поаѓајќи од принципите на меѓународното право и пријателските односи меѓу двете држави во насока на натамошно продлабочување на соработката, водени од желбата за олеснување на патувањето на државјаните на Република Македонија и Република Косово.

– Водејќи сметка за традиционално блиските семејни и родниниски врски меѓу државјаните на двете земји особено и за потребите на често преминување на границата на лицата коишто живеат во пограничниот регион ја склучивме споменатата Спогодба на почетокот на годинава во Приштина, а денеска таа се ефектуира, потенцира Нухиу.

Во време кога стоиме исправени пред многубројни предизвици од кои нашите државјани се директно засегнати, истакна тој, Република Македонија и Република Косово и натаму остануваат посветени на негување, развивање и продлабочување на меѓусебните врски, добрососедските односи, како и исполнување и промовирање на европските вредности.

Со оваа спогодба идентично како и со веќе постоечките такви меѓудржавни акти со соседна Албанија, Србија, потоа со Црна Гора, државјаните на Република Македонија и на Република Косово ќе можат државната граница да ја минуваат и со лични карти.  

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он