Станковиќ: Ајде мажиња од ВМРО-ДПМНЕ, донесете ги правилата и да одиме на избори

Од:

СДСМ жестоко се спротивставува на изгласување на новите изборни правила, предложени од Владата. Тие за нив се само шминка и  не се содржани препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Ова не е подобрување на изборното законодавство, ова е претурање од шупливо во празно,  бегање од реалноста и ставање на проблемите под тепих.Владата нема намера да создаде услови за фер и демкоратски избори“, рече Ана Павловска Данева од СДСМ.

Забележа зошто нема одвојување  на партиските од државните функции за време на изборите. СДСМ предлага државен функционер, министер, градоначалник кога ќе се најдат на изборна листа да не можат да ја злоупотребуваат функцијата за лични и партиски  цели. Смешна е , рече Данева предвидената казна од 500 евра.

„Предлагаме кривична одговорност. Не играјте мајтап со народот“, рече Данева.

Заменик министерот кажа дека изборното законодавство е приоритет на оваа влада која има позитивни оценки од ОБСЕ и од Венецијанската комисија.

Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ укажа дека најбитниот амандман на опозицијата е прифатен.

„Амандманите се по препорака на ОБСЕ/ОДИХР, и се сублимат на укажувањата и предлозите на опозицијата“, рече Силвана Бонева.

Илија Димов ски кажа дека не е прифатлив предлогот Груевски и Јанкуловска да не учествуваат на медиумите.

„Само така може да се надевате на победа. Тоа е политичко лудило што го прелагате. Ние предлагаме тие работата технички да ја спроведуваат. Ако се прифати вашиот предлог три месеци македонија ќе нема Влада “, рече Димовски.

„Ние предлагаме да не настапуваат како функционери. И да ние сме против 20 дена пред избори да има лопатарење и сечење ленти. Ајде да озакониме задолжителни ТВ дуели“, врати Данева.

„Предлагате проект на новокомунисти. Само декларативно се залагате за фер избори. Македонија ја тресе скандал за промена на структурата  на гласачко тело во една општина, и дека се носат луѓе кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Ова се случува и во други општини, каде ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа. Во ова сценарио се вмешани и нотари и вработени од МВР. Вие сте новокомунисти, а не демохристијани“, рече Емилијан Станковиќ.

„Kој ќе победи, ќе кажат граѓаните. Се сомневаме дека се создава алиби за поразот на Црвенковски. Не се јуначете на говорница, туку напишете програма, и може еден ден ќе победите“, реплицираше Илија Димовски.

„Ајде мажиња донесете ги правилата и да одиме на избори“, рече Станковиќ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски