Стаменковска Стојковски: Владата веднаш да преземе мерки за заштита на вработените во јавниот сектор

Од:

Владата веднаш да преземе мерки за заштита на вработените во јавниот сектор, апелира денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.

Според неа, раководните лица од СДСМ не само што не преземаат соодветни мерки за заштита на вработените во јавниот сектор, туку се обидуваат и да ги прикријат оние кои имале симптоми на коронавирусот, а има и ситуации каде на вработени со симптоми не им се дозволува да го напуштат работното место.

-Владата да овозможи мерки за заштита на вработените во јавниот сектор. Вработените кои се распределени и патуваат надвор од местото на живеење да бидат вратени веднаш во својата матична институција или да бидат ослободени од патување за да се заштитат нивните животи и нивните семејства. Да се ослободат сите вработени кои немаат безбеден и редовен превоз до нивното работно место и назад, да работат од дома онлајн освен оние од институциите каде навистина има потреба од физичко присуство на вработените, но притоа да се примени принципот на ротација на вработените, но не повеќе од две лица присутни во иста просторија и да се утврди дека условите се согласно препораките за заштита, да се преземат мерки за соодветна организација на работните единици/простории во институциите како би имало соодветен простор, односно растојание меѓу вработените, а хронично болните, бремените жени, лицата кои се самохрани родители веднаш да бидат ослободени од работа, а функционерите на СДСМ за кои добив известување дека не ги почитуваат мерките и препораките, веднаш да бидат санкционирани и повикани на одговорност, рече Стаменковска Стојковски во видео изјава.

Таа потсети дека во понеделникот, на 1 јуни 2020, го предупредила министерот Дамјан Манчевски дека, како што рече, не постојат никакви протоколи, дека условите не се согласно препораките на Светската здравствена организација, како и дека здравјето на вработените е доведено во прашање.

-За жал, утрово се потврди, дознав дека во зградата позади мене каде работам, поголем број вработени од различни институции имале симптоми на КОВИД-19. Сигурна сум дека никој не презел каква било мерка за заштита на вработените од оваа зграда и општо за вработените во јавниот сектор. Апелирам на доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа бидејќи сериозно сум загрижена и револтирана што и по три месеци од прогласување на вонредната состојба, не се воспоставени никакви протоколи за работа во секоја институција со цел заштита на животот и здравјето на вработените во јавниот сектор, а со тоа и на сите граѓани кои користат услуги од институциите, нагласи дополнителниот заменик-министер.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски