ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува револт од третманот на новинарите и медиумите на Мечкин Камен во Крушево при прославата на Илинден. Имено на колегите кои требаше да известуваат и да ја пренесат атмосферата од празнувањето им беше отежнат пристапот до местото на настанот, а не им беше обезбедено место за работа со образложение дека нема доволно простор и дека истиот ќе биде користен само за делегациите.

Оваа пракса не е нова и сведоци сме дека се повторува при секоја поголема прослава во организација на државните институции што говори дека луѓето што се задолжени за медиумите немаат чувство, ниту знаење или едноставно не сакаат да ги обезбедат минималните услови кои се неопходни за работа на новинарите. Истите притоа не водат сметка за начинот и ефектот на кој, на јавноста ќе и биде доловен амбиентот, и испратена веста за одржана манифестација, а во овој случај станува збор за најзачајната за македонската државност.

ССНМ смета дека на ваквиот приод на државните службеници кој е заснован, пред се, на непочитување на медиумите и потценување на новинарите и сите медиумски работици мора да му се стави крај зошто постои сериозна опасност во следниот случај граѓаните да останат и без основната информација. Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува најодговорните во земјава да соработуваат со медиумските организации и заеднички да најдат решение зошто продолжение на ваквиот континуиран третман на гласот на јавноста ќе доведе и до нарушување на основното демократско право за правовремено и точно информирање.

Би можело да ве интересира

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници

Оценките на Претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни, реагира Синдикатот

ССНМ: Падот на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 е одраз на состојбите во Македонија

А1он

ССНМ: Ги поздравуваме измените во Законот за медиуми, но тоа треба да е само дел од процесот за целосно усогласување со ЕУ регулативата