ССНМ: Пратеникот Апасиев да не шири омраза и нетрпеливост кон новинарите

Од:

На навредите и етикетирањата од пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кон новинарките на А1он реагира и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Во продолжение комплетната реакција од ССНМ:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудува навредите, омаловажувањата, етикетирањата и заканите со тужби од претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев насочени кон нашите колешки Габриела Димковиќ-Мишевска и Мери Јордановска од А1он.

Откако колешката Габриела Димковиќ побарала од Апасиев коментар за потребите за текст поврзан со финансирањето на политичките партии добила непримерни одговори, целосно несоодветни и неприфатливи за јавна личност, која би требало да ги претставува и да ги застапува интересите на сите граѓани во законодавниот дом.

Понатаму, Апасиев во два наврати на својот Фејсбук профил со омаловажувачки и навредувачки тон се обраќа како кон новинарките, така и кон Здружението на новинари на Македонија, а се заканува и со тужби. Потсетуваме дека релевантните организации како Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари на кои ССНМ е член, заканите со тужби и тужбите кон новинари од поодамна ги означуваат како притисок врз слободата на изразување и на медиумите.

Овие негови написи содржат елементи на говор на омраза и истовремено отвораат простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите и медиумските работници, што пак, многу често може да заврши и со насилство кон нашите колеги.

Потсетуваме дека поттикнување омраза е казниво дело според Кривичниот закон и ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги преземат соодветните дејствија. Кога поттикнувањето на говор на омраза доаѓа од јавни личности, кои како во случајов извршуваат една од најзначајните функции во едно демократско општество тежината на искажаниот збор е уште поголема и затоа апелираме ваквите напади кон новинарите и медиумските работници да престанат.

Избраните и именуваните функционери кои добиваат плата од парите на граѓаните мора да внимаваат како комуницираат со јавноста, односно со медиумите, без оглед на тоа дали им се допаѓа или не уредувачката политика на медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев: За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме

(ВИДЕО) Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали

Апасиев: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите

Горан Наумовски

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Горан Наумовски

Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица