ССНМ ќе ја додели наградата „Роберто Беличанец“

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) вечер ќе ја додели наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019.

Церемонијата ќе почне со панел дискусија на тема „Како до медиуми кои го третираат новинарството како јавно добро?“, по што ќе биде доделена и наградата.

-Медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството, наведува Синдикатот во пресрет на настанот.

Наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ почна да се доделува од 2018 година, а го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми, Роберто Беличанец.

ССНМ ја доделува во партнерство со Македонски институт за медиуми – МИМ, Институтот за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, поддржан од ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници