ССНМ го осуди нападот врз новинарската екипа на М Нет

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на новото попречување на професионалното извршување на новинарската задача на екипата на ТВ М Нет од Штип и снимателот Виктор Ефремов, кои, со непречени услови за работа се стекнаа дури по пријава и по полициската интервенција.

ССНМ нагласува дека колегите мора да бидат заштитени при извршување на својата обврска, а таа во основа е од интерес на граѓаните и бара против попречувачите итно да бидат покренати соодветни пријави.

Со најновиот случај во Штип кога на екипата на М Нет од физичко лице им беа упатувани закани и погрдни зборови, ССНМ заклучува дека државата на ова поле и не постигнала кој знае каков напредок што се должи на досегашната пракса нападите, етикетирањата и деградацијата да минуваат без санкции, се вели во соопштението на Самостојниот синдикат.

„Не можам да си одам, јас сум исто како и полицијата што е тука“, беа реакциите на снимателот, кој близу 20 минути беше попречуван да си ја изврши работната задача.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во исто време реагира и ги осудува и непримерните коментари под видеото емитувано во живо на социјалните мрежи. Сметаме дека и во нивниот случај мора да постои противмерка односно форма која ќе го запре говорот на омраза кон професионалците во медиумите кои се на должност, се додава во соопштението на ССНМ.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа