ССНМ: Ги поздравуваме измените во Законот за медиуми, но тоа треба да е само дел од процесот за целосно усогласување со ЕУ регулативата

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги поздравува измените на Законот за медиуми со коишто практично беа прифатени сугестиите на локалните и специјализираните онлајн медиуми, но повторно истакнува дека за целосно стабилизирање на медиумскиот сектор потребен е нов закон целосно усогласен со Европскиот акт за слобода на медиумите.

„Со овие измени онлајн изданијата беа изедначени во правата и обврските со останатите медиуми, а новинарите и медиумските работници го изборија својот статус на рамноправни со колегите од другите медиуми, статус кој претходно беше мета на арбитрарни толкувања и создаваше проблеми.

Уште со најавата на измените на Законот за медиуми минатата година ССНМ постојано укажуваше дека се потребни допрецизирања и пред сè, земање предвид на условите во кои работат локалните, но и специјализираните и непрофитните медиуми.

Затоа ССНМ поднесе предлози до ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар), а потоа низ повеќе средби со Министерството за дигитална трансформација, две панел дискусии и постојани консултации со најголем дел од медиумите кои не беа вклучени во процесот на донесување на Предлог измените на Законот за медиуми придонесе за корекции на измените, што и се случи преку амандмани во Собранието. Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги сублимира и ги пренесе ставовите на важниот дел од медиумската сцена, како што се локалните и специјализираните онлајн медиуми до сите релевантни институции (Влада на РСМ, Собрание, Министерство за дигитална трансформација, АМВУ).

ССНМ останува на ставот дека овој потфат може само да се гледа како на дел од процесот што треба да заврши со донесување на комплетно нов Закон за медиуми, и тоа низ целосна и сеопфатна јавна дебата во кој ќе бидат имплементирани сите елементи на Европскиот акт за слобода на медиумите (ЕМФА). Особено важни аспекти кои треба да се опфатат со новиот закон се механизмите за заштита на работничките и професионалните права на новинарите и медиумските работници, значајно за објективно и професионално известување од јавен интерес, усогласување на дефинициите за медиум според ЕМФА, сајбер безбедноста на новинарите и друго“, велат од ССНМ.

Би можело да ве интересира

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

A1on

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија