ССНМ: Цензурата во МРТ мора да престане

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е запрепастен и згрозен од упадот во програмата и легитимирањето на водителот на емисијата на Канал 103 во МРТ. Сметаме дека станува збор за директна, груба цензура која компплетно ја соголува драмтичната состојба со слободата на информирањето во МРТ. Никакви правила и процедури не можат да го сокријат фактот дека на водител на емисија му е оневозможено на најгруб и насилнички начин да ја врши својата работа. На отворен микрофон го слушнавме „обезбедувањето“ на МРТВ како без каква и да е задршка го легитимира водителот и го отстранува од програмата. ССНМ најостро го осудува ваквиот чин и бара одговорност од раководството на МРТ, како и објаснување чие обезбедување влегло во програма на отворен микрофон, на МРТ или на приватна компанија за обезбедување?

ССНМ за овој инцидент ќе ги информира сите меѓународни новинарски организации, вклучително и Меѓународната и Европска федерација на новинарите.

Воедно ССНМ по вчерашниот инцидент искажува јавна поддршка на акциите и протестите за начинот на работата на јавниот сервис и ги повикува сите новинари и медиумски работници целосно да се солидаризираат со колегите во МРТ и да го искажат својот револт за состојбата во која се доведени нашите колеги. Ова не може и не смее вака да продолжи.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници