ССНМ апелира за подобра позиција на жените во медиумите

Од:

Медиумите во демократско општество имаат задача да ги промовираат еднаквоста, толеранцијата и почитувањето на индивидуата без разлика на полот, возраста, етничката припадност, сексуалната ориентација. Борбата за овие вредности почнува во редакциите.

Ова го оценува Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во соопштението по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во кој алармира и за, како што наведува, лошата позиција на жените во медиумската индустрија.

– Високото ниво на стрес, заплашување, потценување или игнорирање на нивната работа, неприфатливо оптоварување со работа и работно време што оневозможува приватен живот, вработување на одредено време или хонорарен статус се речиси правило, а не исклучок. Работното опкружување е особено негативно кон жените мајки што често, поради грижата за семејството, се дискриминирани во однос на можноста за вработување, платите и напредувањето во кариерата, стои во соопштението од ССНМ.

Според овој синдикат, сексуалното вознемирување останува проблем што упорно се премолчува.

– Непримерените коментари и третирањето на колешките како сексуални објекти имаат драматично влијание на личноста, која е на тоа изложена, на нејзината работа и квалитетот на нејзиниот живот. Дури и во ситуација кога жртвата јавно ќе проговори надлежните институции остануваа неми, а изостанува и солидарноста од колеги, оценуваат од ССНМ.

Иако трендот покажува дека се повеќе жени се образуваат и влегуваат во професијата, од овој синдикат посочуваат и дека бројот на оние кои се на извршни и раководни позиции е драматично помал во однос на мажите.

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата