ССМ утре ќе бара 500 евра минимална плата и 6.000 денари зголемување на сите плати

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6.000 денари дополнително зголемување на сите останати плати.

– Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, порача претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Како што рече Трендафилов, синдикалната минимална кошничка што ја пресметува ССМ лани е зголемена за 6.500 денари, а оваа година само делот за храна и пијалаци од завршувањето на последната мерка пораснала за 2.000 денари или за 150 евра се зголемени трошоците за живот за едно четиричлено домаќинство.

Според него, не држат веќе изговорите на Владата дека работниците и работодавачите треба да седнат и да се договорат за зголемување на минималната плата.

Повикувајќи се на Евростат, Трендафилов нагласи дека 55,7 отсто од работниците и граѓаните во земјава не можат да си дозволат годишен одмор ниту седум дена во бунгалов во Дојран и тоа, рече, треба да ги загрижи креаторите на политики те.

Минималната плата од 400 евра во Македонија, рече Трендафилов, е пониска од онаа во Србија, Црна Гора, БИХ, Словенија и Хрватска.

-Владите во регионот им даваат поддршка на работниците, тоа треба да го направи и Владата во Македонија, порача Трендафилов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ